Најмалку четворица загинати при несреќа во рудник во Турција
Спасувачките екипи извадија уште едно тело од турскиот рудник за бакар, со што бројот на жртвите се искачи на четворица.
- Спасувачката операција за откривање на другите 12 рудари продолжува, изјави шефот на турската Агенција за справување со кризи Халис Билден, додавајќи дека има мала веројатност тие да се живи.
Рударската несреќа се случи при уривање на сводот во рудник во близина на градот Ширван во југоисточната турска провинција Сирт.
Гувернерот на провинцијата изјави дека истрагата за инцидентот е во тек. Според властите, уривањето е предизвикано од лизгање на земјиштето причинето од обилни врнежи.
Во 2014 година, 301 рудар загинаа при пожар во рудник за јаглен во Сома, во западна Турција. Тоа беше најсмртоносната индустриска несреќа во турската историја.
Најновата несреќа уште еднаш го отвора прашањето за безбедноста на работниците во турските рудници.
Ново на Сител
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија
-
Пендаровски се откажа од државна пензија
-
До четврток облачно и дождливо, в петок пораст на температурата
-
Приватните специјализанти очекуваат новиот министер веднаш по назначувањето да ги повика на разговори
-
Тешка сообраќајка меѓу две возила, две лица повредени