-->
-->
Најмалку десет загинати и 11 повредени во експлозија на бензинска пумпа во Русија
-->
Во експлозијата на бензинска пумпа што се случи синоќа во руската република Дагестан, на Кавказ, загинаа најмалку десет лица, а 11 се повредени, соопшти Министерството за вонредни ситуации.
Министерството соопшти дека во близина на градот Махачкала, главниот град на Дагестан, изгореле техничкиот простор и кафетеријата на бензинската пумпа на површина од 500 квадратни метри.
Помош пружаа речиси 120 спасувачи, соопшти Министерството.
Во август 2023 година, 37 лица загинаа, а 119 беа повредени во експлозија на бензинска пумпа во истата област.
Ваквите несреќи се чести во Русија поради непочитување на прописите и дотраеност на објектите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Експерти: Промената на власта во Унгарија нема да влијае на односите со македонската влада
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Поевтинуваат горивата
-

По промените, Филипче бара ревизија на договорите на Мицкоски со Орбан
-

Вицепремиерот за европски прашања очекува позитивен извештај од ЕК
-

Предметот „Талир 2“ доби нов јавен обвинител
-

Поранешната антикорупционерка Димитровска не се чувствува виновна
-

МВР најави 24 часовен „радарски маратон“
