Најмалку десет загинати во самоубиствен напад во Нигерија
Најмалку десет лица загинаа кога тинејџер бомбаш-самоубиец денеска активирал бомба на пазар на североисток од Нигерија, информираа очевидци на настанот.
Очевидците наведуваат дека околу пладне се слушнала силна експлозија на големиот пазар во државата Адамава, една од државите кои е најмногу погодена од насилството во текот на седумгодишното делување на екстремистичката организација Боко Харам, пренесуваат француските медиуми.
Никој се уште не ја презел одговорноста за нападот, но експлозиите се „заштитниот знак“ на Боко Харам, групата која често пати гаѓа цивилни мети, како пазарите, џамиите или автобуските станици, како и контролните пунктови на војската и граѓаните.
Пред два дена најмалку 13 лица беа убиени, а 30 повредени во напад на тројца бомбаши самоубијци во градот Чибок, на север од Нигерија, познат по тоа што во него Боко Харам пред две години грабна повеќе од 250 ученички.
Ново на Сител
-
Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени
-
Европски фронт обвинува за јавен политички притисок врз Управниот суд
-
76-годишна прилепчанка измамена за 380.000 денари - ја убедиле дека внука ѝ ќе оди во затвор
-
Оштетен автомобилот на скопјанка по тепачка со жена на Бит Пазар
-
Скопјанец нападнат од својот малолетен внук
-
Зеленски: Украина стори се што беше можно да ги отвори преговорите со ЕУ во јуни
-
СЗО: Медицинска помош не е влезена во Газа од израелското заземање на преминот Рафа, на 6 мај
-
Словачкото обвинителство побара притвор за напаѓачот на премиерот Фицо, судот за тоа ќе одлучува утре