Најмалку десет загинати во самоубиствен напад во Нигерија
Најмалку десет лица загинаа кога тинејџер бомбаш-самоубиец денеска активирал бомба на пазар на североисток од Нигерија, информираа очевидци на настанот.
Очевидците наведуваат дека околу пладне се слушнала силна експлозија на големиот пазар во државата Адамава, една од државите кои е најмногу погодена од насилството во текот на седумгодишното делување на екстремистичката организација Боко Харам, пренесуваат француските медиуми.
Никој се уште не ја презел одговорноста за нападот, но експлозиите се „заштитниот знак“ на Боко Харам, групата која често пати гаѓа цивилни мети, како пазарите, џамиите или автобуските станици, како и контролните пунктови на војската и граѓаните.
Пред два дена најмалку 13 лица беа убиени, а 30 повредени во напад на тројца бомбаши самоубијци во градот Чибок, на север од Нигерија, познат по тоа што во него Боко Харам пред две години грабна повеќе од 250 ученички.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници