Најмалку десетмина загинати при уривање зграда во Индија
Најмалку 10 лица загинаа, а се стравува дека десетици се под урнатините, откако денеска се урна дел од трикатна станбена зграда во близина на индискиот финансиски центар Мумбаи, соопштија властите.
Несреќата се случи во индустрискиот град Биванди, 40 километри северо-источно од Мумбаи, а градскиот комесар Пнаќа Аши рече дека стравува дека речиси 26 семејства останале под урнатините.
Се уште не е позната причината за уривањето на зградата со 54 станови, а станарите велат дека почнале да бегаат откако се појавиле пукнатини.
Како што пренесуваат медиумите, досега се извлечени 11 повредени лица.
При отстранување на урнатините учествуваат членови на градските служби и Националните сили за одговор на катастрофи.
Причината за уривањето на повеќето стари или нелегално изградени згради во Индија обично се бара во обилните врнежи, а бројот на вакви несреќи се зголемува за време на сезоната на монсуните, од јуни до септември.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива