Најмалку девет загинати во напад на бомбаш-самоубиец во пакистанскиот град Квета
Девет лица денеска се убиени, а повеќе од 35 се ранети, кога бомбаш-самоубиец на велосипед се разнел во близина на камион со припадници на безбедносните сили во градот Квета, на југозападот од Пакистан, соопштија официјални претставници на полицијата.
Две лица меѓу убиените се припадници на паравоени сили, додека седуммина се цивили, информира полицијата врз основа првичните извештаи од теренот.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, пренесуваат француските медиуми, потсетувајќи дека талибанските милитантни активисти и сепаратистички групи се активни во овој регион.
Нападот е изведен пред зградата на регионаниот суд во Квета, каде се наоѓал камионот во кој влегле војници по рутинската безбедносна патрола.
Според првичните извештаи на експертите за поставување бомби, експлозивот што напаѓачот на велосипед го активирал бил тежок 15 килограми.
Квета е главен град на немирната провинција Балочистан, каде во 2004 година изби сепаратистички бунт, наведуваат француските медиуми.
Ново на Сител
-
Почина 18-годишниот Вукашин, шеснаесетта жртва на трагедијата во Нови Сад
-
Отворена истрага за пожарот во Кочани
-
Приведени тројца дилери
-
Одземени 97 лиценци согласно Законот за градење
-
Кривична за фирма од Струмица и управителот за даночно затајување при приредување игри на среќа
-
Отстранет штандот за свеќи и книгата на жалост во Кочани
-
Муцунски: Во овие тешки моменти, важно е да останеме обединети во болката и солидарноста
-
Собрани 43.149.360 денари за семејствата на настраданите и повредените, велат од Црвен крст