Најмалку двајца загинати во протестите во Иран
Најголемите протести во Иран во изминатите децении продолжија и по Нова година и покрај одлуката на Владата да ги блокира социјалните мрежи Инстаграм и Телеграм што ги користат активистите за да организираат протести.
Иранскиот претседател Хасан Рохани призна дека општеството е незадоволно од економските проблеми, но наведе дека властите нема да се поколебаат да преземат мерки против демонстрантите за кои сметаат дека го нарушуваат законот.
Министерот за внатрешни работи Рахмани Фазли нагласи преку државната телевизија дека „тие што го злоупотребуваат кибер-просторот и шират насилства се познати и со сигурност ќе се сретнеме со нив“.
Според податоци на ирански медиуми, во протестите се уапсени околу 200 луѓе.
Властите признаа дека во судири синоќа во Доруд, на 325 км југозападно од Техеран загинале двајца демонстранти.
Заменик гувернерот на провинцијата Лорестан Хабибола Хоџастепур тврди дека полицијата не користела огнено оружје против демонстрантите.
Реформскиот весник Етемад објави дека полицијата пукала врз демонстрантите.
Американскит претседател Доналд Трамп објави на Твитер дека Иран е „државата број еден меѓу спонзорите на тероризам и каде секојдневно има кршење човекови права. Сега го прекинаа интернетот за да не можат мирни демонстранти да комуницираат. Тоа не е добро!“.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата