Најмалку две лица загинаа, а 32 се повредени во напад со руски дрон во Харков
Руски дронови синоќа го нападнаа вториот по големина град во Украина, Харков, погодувајќи станбени згради и подметнувајќи пожари во кои загинаа најмалку две лица, а 32 беа повредени, соопштија локалните власти.
Регионалниот гувернер Олег Синегубов изјави дека меѓу ранетите има и две деца.
Тој рече дека се зафатени неколку високи станбени згради, при што избувнал пожар на покривот на една од зградите. Спасувачките екипи ги пребаруваат урнатините по преживеани.
Градоначалникот Игор Терехов изјави дека под урнатините се пронајдени останките на трето лице.
Синегубов, исто така, рече дека едно лице е повредено во напад со дрон во село во близина на Харков.
Во текот на изминатата недела, Харков, во североисточна Украина, беше цел на напади со руски дронови речиси секоја ноќ.
Во градот Днипро три лица се повредени во масовен напад со дрон. И во регионот Запорожје, најмалку седум беспилотни летала нападнаа цели во регионот, при што беше повредено едно лице, соопштија локалните власти.
Во меѓувреме, московскиот градоначалник Сергеј Собјанин изјави дека руските единици за противвоздушна одбрана одбиле дрон што се приближувал кон Москва.
– Единиците за воздушна одбрана на Министерството за одбрана одбија напад на беспилотно летало што леташе кон Москва, напиша Собјанин на апликацијата Телеграм. „Специјалисти за итни случаи работат на местото каде што паднаа остатоци“, додаде тој.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст