Најмалку еден загинат и 47 ранети во бомбашкиот напад во Дијарбекир
Бројот на ранети во вчерашниот напад со автомобил-бомба врз база на жандармеријата во Дијарбекир, порасна на 47 лица, вклучувајќи и осуммина цивили, пренесуваат турските медиуми, повикувајќи се на соопштение на армијата.
Во нападот загина еден војник.
Армијата смета дека терористичката Курдска работничка партија (ПКК) е одговорна за експлозијата, што синоќа одекна во близина на жандармериска база и службени станови во градот Хани, во округот Дијарбекир.
Првично беше соопштено за 25 ранети, но денеска армијата нов биланс на повредени на 47 војници и цивили.
Југоисточна Турција од јули минатата година е регион на засилено насилство, откако пропадна мировниот процес меѓу државата и ПКК. Стотици луѓе, вклучувајќи и над 350 членови на безбедносните сили се убиени во обновениот конфликт во овој регион.
Ново на Сител
-
Гаши ја свика првата координација
-
Лидерите на Европскиот Фронт потпишаа декларација против „моноетничко владеење“
-
Деспотовски: Тој што ќе изгуби на изборите во СДСМ, да не прифаќа партиски функции
-
Мицотакис: Прашањето за Преспанскиот договор ќе го отворам на Самитот на НАТО
-
Матурантите кои препишуваа на испитот по мајчин јазик ќе полагаат пак во август
-
Детектор: Младинскиот активизам на незадоволително ниво
-
Колку пациенти добиле пролонгирање на хируршка интервенција?
-
Надоместок од 3000 денари за несовесните граѓани кои ги оштетуваат рампите