Најмалку еден загинат на протестите во Судан против воената хунта
– Најмалку еден демонстрант загина, а повеќемина се повредени во интервенцијата на силите за безбедност на денешните протести во главниот град на Судан, Картум.
Илјадници луѓе протестираа во Картум поради преземањето на власта од страна на армијата на 25 октомври, кога беше соборена транзициската влада и беа уапсени десетина политичари.
Протестите се организирани два дена откако лидерот на воениот удар генерал Абдел Фатах Бурхан се прогласи за шеф на Суверениот совет (суданската преодна влада).
Денешните протести се организирани од Суданската професионална асоцијација и така наречените Движења на отпорот. Двете групи го организираа и бунтот против поранешниот претседател Омар ал Башир во април 2019 година, а на нивниот повик се приклучија и други политички партии и движења.
Протестите се одржаа и покрај големото присуство на безбедносните сили во главниот град.
Претставникот на Обединетите нации во Судан Фолкер Пертес апелираше до безбедносните сили да покажат крајна воздржаност за време на протестите, а истовремено ги повика демонстрантите на мирни протести.
Од воениот удар, според суданските лекари и Обединетите нации, убиени се најмалку 14 луѓе.
Ново на Сител
-

Италија воведе забрана за бурки и никаби во училиштата – казни до 1.000 евра
-

Прв академски час на УКИМ - почнува студиската 2026/2027 година
-

Најладно во Берово, утрово измерени -2 степена
-

Нетанјаху го нарече „херој“ пилотот по нападот во кокпитот на „Флај Дубаи“
-

Почнува зимското работно време на паркизите на ЈП Градски паркинг - Скопје
-

Трамп: Војната ќе заврши многу брзо, САД имаат целосна контрола врз Ормуз
-

Илон Маск влегува во Пентагон: Ќе ја креира иднината на војувањето
-

Ведро и студено утро и сончево преку денот
