Балкан
2. August 2017 - 14:03

Најмалку едно лице загина при потонување на туристички брод во Турција

Најмалку едно лице загина, а две деца се водат како исчезнати откако туристички брод потона денеска во Средоземно Море во близина на брегот на турската провинција Мугла.

Претходно, претставник на локалната власт изјави дека меѓу исчезнатите е и сопственикот на бродот.

Во бродот се наоѓале 11 лица кога тој потонал во близина на познатото туристичко место Мармарис. Досега се спасени осум патници.

Причината за несреќата засега не е позната, а службите за вонредни ситуации се во потрага по изчезнатите лица.