-->
-->
Најмалку новозаразени во Италија во последните 2 месеци
-->
Во Италија според најновите податоци во последните 24 часа има 1.739 новозаразени со корона вирус што е за 25 отсто помалку во однос на ден порано кога имаше 2.324 нови случаи.
Податокот за новозаразени е охрабруваќки со оглед на тоа што претставува најмалку заразени во еден ден во последните шест седмици, поточно од 11 март кога беше забележан пораст на нови случаи.
Според податоците на Цивилната заштита на Италија, во последните 24 часа има 333 починати, а оздравеле 1.696.
Италија до сега регистрира 199.414 заразени од корона вирус, а од ковид-19 починаа 26.977 луѓе, додека 66.624 оздравеа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЕУ внимателно го следи случајот со истрагата и апсењето на градоначалникот на Тирана, соопшти портпарол на Еврокомисијата
-
Мисајловски: Во НАТО имаме нов контекст насочен кон преговори за мир во Украина
-
Андоновска: Има висок интензитет на вирусот на грип во овој период, најмногу заболени во Скопје и Струмица
-
Кипарската Влада одобри жените доброволно да служат војска
-
Избран нов претседател на Партија на Власите од Македонија
-
Тензично во албанскиот Парламент, седницата прекината
-
Вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град по барање на ОЈО
-
Филипче: Најостро ќе се спротивставиме на промена на државниот грб