Најмалку пет загинати во израелски напади врз Либан, тројца од нив припадници на спасувачките служби

Најмалку пет лица, меѓу кои и тројца спасувачи, загинаа при два последователни израелски воздушни напади врз зграда во јужен Либан, соопшти либанското Министерство за здравство.
Портпарол на либанската цивилна заштита изјави дека спасувачите пристигнале на местото по првиот напад за да им помогнат на повредените, но биле затрупани под урнатините по вториот удар во градот Маџал Зун, при што подоцна било потврдено дека загинале.
Либанската армија претходно соопшти дека двајца војници биле повредени во вториот напад.
Либанскиот премиер Науаф Салам ги оцени нападите како „ново и отворено воено злосторство извршено од Израел“.
Израелската армија засега не одговорила на барањата за коментар.
Канцеларијата на Обединети нации за човекови права минатиот месец соопшти дека израелските воздушни напади врз цивили, вклучително и медицински работници во Либан, би можеле да претставуваат воени злосторства.
МИА
Ново на Сител
-

Муцунски и Саар потпишаа два билатерални документи за унапредување на соработката меѓу Македонија и Израел
-

Федерер верува дека Ѓоковиќ има шанса да го освои УС опен 2026
-

Активни три пожари на отворен простор, 25 изгаснати во текот на изминатото деноноќие
-

Само еден товарен брод вчера поминал низ Ормуската Теснина
-

Пакистан и Иран постигнаа „значителен напредок“ во разговорите за ставање крај на конфликтот
-

Администрацијата на Трамп подготвува укинување на до 200 илјади туристички и деловни визи
-

Сончево и топло, во вечерните часови наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради најавениот меморијал на хероите во Киев
