-->
-->
Најмалку петмина повредени во пукање на плажа во Лос Анџелес
-->
Најмалку пет лица се повредени, од кои некои се во критична состојба, во пукање на плажата Ројал Палмс во областа Сан Педро во Лос Анџелес, соопшти полицијата.
Осомничениот за престрелката со автомобил наводно побегнал од местото на злосторството и се уште е во бегство.
Според поручник Шерон Брејди од полицискиот оддел во Лос Анџелес, полицајците добиле информации за пукање на плажата Ројал Палмс во саботата во 17:44 часот по локално време, објави „Лос Анџелес Тајмс“.
Итната помош превезла четири лица со прострелни рани во локалните болници, а петтото лице во болница го донел пријател.
„Некои се во критична состојба, некои се стабилни, некои се во тешка состојба“, рече Брејди.
Плажата Ројал Палмс денеска ќе биде затворена поради истрага.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за европски прашања
-
Има ли начин да се подобрат односите Скопје-Софија?
-
Коридорот 8 од железничката пруга продолжува со градба, брзата пруга за Солун е приоритет
-
Ќе има ли реално поевтинување на основните производи со ограничените маржи?
-
Стружани бараат затворање на казината
-
ВМРО-ДПМНЕ: Николовски трошел во ресторани а земјоделците чекале субвенции
-
Системот „Безбеден град“ се проширува, казни на домашна адреса засега ќе нема
-
Спелеолошки истражувања во изворите во Црна Река