Најмалку седум мртви во ненадејните поплави во централна Италија

Обилни дождови и поплави доцна синоќа го погодија централниот италијански регион Марке, при што загинаа најмалку седум лица, додека три се водат за исчезнати, јавија денеска италијанските медиуми.
Локалните власти соопштија дека не очекувале ваква ненадејна „водена бомба“. За два до три часа паднале околу 400 милиметри дожд, по што се поплавени улиците на неколку градови во провинциите Анкона и Пезаро-Урбино. Снимките објавени од локалните пожарникари покажуваат како некои од спасувачите со сплавови се движат по улиците на крајбрежниот град Сенигалија за да стигнат и да ги евакуираат луѓето, додека други се обидуваат да преминат подвозник.
Спасувачите се уште трагаат по преживеани, соопштија властите. Во меѓувреме, лидерот на италијанската Демократска партија (ПД) на Твитер објави дека ќе ја прекине кампањата во регионот, пред националните избори на 25 септември.
Ново на Сител
-

Почина актерката Ленче Делова
-

ЦУК со вонредни информации за поплавите, се интевернира на критичните места
-

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено
-

УХМР: Најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
-

Идентификуван и уапсен сторител на разбојништво во Штип
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
