Најмалку седуммина повредени и 130 упасени во тепачка на навивачи во Белград
На просторот на Бетон хала во Белград, во подножјето на Калемегдан, крај реката Сава, за време на прославата на 32-та шампионска титула на ФК Црвена Звезда, синоќа дојде до општа тепачка меѓу навивачите на клубот и симпатизерите на Партизан, јави дописникот на МИА од Белград.
Повеќе од 130 лица, главно навивачи на Црвена Звезда, се уапсени по тепачката, изјави синоќа министерот за внатрешни работи Александар Вулин, кој дојде на местото на настанот.
-Повеќе од 130 прекршители се приведени. Сопственоста и заштитата на секој граѓанин и гостин на Белград се гарантира. Ова повеќе нема да се повтори. Ова се ѓубрињата што го обесчестија нашиот град, ова се ѓубрињата кои ја обесчестија прославата и Црвена Звезда, изјави Вулин за РТС.
Како што соопштија од Првото основно обвинителство, вкупно 109 лица се процесуирана за немирите, а за 10 од нив е одреден притвор до 48 часа, додека останатите се изведени пред судија за прекршоци, јавија српските медиуми.
Немирите се случија за време на прославата на титулата на фудбалскиот клуб Црвена Звезда, кога навивачите се судрија со обезбедувањето на локалите, кои беа припадници на Партизан.
Според медиумите нападнати се полицајци во цивилна облека, кои биле на лице место, а некои од навивачите на Звезда сметале дека тоа се навивачи на Партизан. Кога се легитимирале дека се полицајци, навивачите почнаа да ги тепаат уште повеќе.
На потегот кон Калемегдан, направена е поголема материјална штета. Специјалните единици со џипови, заштитени со панцирни одела го обезбедуваа тој простор.
Хулиганите кршеа инвентар, а уплашените гости се криеја во рестораните.
Според извештаите во медиумите, баровите „Лафајет“ и „Темперамент“, каде започнала тепачката, биле целосно демолирани.
Брзата помош испратила екипи на местото на тепачката и седум лица биле пренесени со повреди.
Ново на Сител
-

Рокас: Навистина гледам забрзување на реформите, измените на Изборниот законик се добри и се надевам дека партиите ќе постигнат консензус
-

Мицкоски: Очекувам реалната нето-плата и годинава да биде во позитива, во 2024 година растот беше над 12 отсто, а во време на СДСМ беше во негатива
-

ЦУК: Три активни пожари на отворен простор во земјава до 13:00 часот
-

Силен ветер го разгорува пожарот кај Неокази во Пробиштипско, зафатени две куќи, жителите евакуирани
-

Пожар на Исар во Штип, загрозени куќи – се бара воздушна поддршка
-

Над 400 монети откриени на локалитетот Градиште кај Битола, меѓу нив и од Филип II и Александар Велики
-

Струмица ќе подигне спомен обележје во чест на загинатите пилоти од Хеликоптерската единица на МВР
-

Во Грција ќе пристигнат 245 пожарникари од четири земји за да помогнат во справувањето со пожарите
