-->
-->
Најмалку шест лица загинаа во судар на автобус со бегалци во Турција
-->
Шест лица загинаа, а 30 се повредени на северот на Турција во судар на автомобил со автобус со бегалци кои патувале кон Грција, јавија турски медиуми.
Анадолија наведува дека во автобусот се наоѓале бегалци од Сирија, Авганистан и Мјанмар.
Нивниот автобус на мостот во провинцијата Чанаккале се судрил со автомобил и паднал во река.
Во сударот загинале две лица од автобусот, како и двајца патници на автомобилот. Подоцна, турските медиуми соопштија дека спасувачките тимови извадиле уште две тела од автобусот, со што бројот на жртвите се искачи на шест лица. Во автобусот биле откриени телата на две деца.
Бегалците патувале кон северниот турски брег на Егејското Море, од каде требало да се обидат да се префрлат до грчкиот остров Лезбос.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден