Најмалку три лица загинаа во напад во трговски центар во Колумбија

Најмалку три жени загинаа, а девет лица беа повредени вчера во напад во трговскиот центар Андино во Богота, кој е мошне популарен меѓу странците.
Една од загинатите е 23-годишна Французинка, која работи во Колумбија како доброволец во училиште во сиромашен кварт на Богота, изјави градоначалникот на колумбискиот главен град Енрике Пењалоса. Уште една жена е во тешка состојба, но нејзиниот живот е надвор од животна опасност, додаде тој.
Експлозијата одекнала во женски тоалет во момент кога трговскиот центар бил полн со луѓе, кои купувале подароци за одбележување на Денот на таткото.
Според полицијата експлозивна направа била поставена во ВЦ школка на вториот кат.
Улиците околу трговскиот центар се затворени, а зградите се евакуирани. Силите за безбедност се обидуваат да утврдат кој стои зад нападот, а деминери ја пребаруваат околината.
Претседателот Хуан Мануел Сантос изрази сочувство на Твитер и веднаш му нареди на началникот на началникот на националната полиција генерал Хорхе Нието да спроведе истрага.
Според првичните информации изнесени од полиција експлозијата се случила вчера околу 17 часот по локално време (22:00 часот по Гринич).
Ново на Сител
-

Зошто Уставни измени се единствена тема на СДСМ
-

Тема на денот со Александар Саша Димитриевиќ, генерален секретар на СДСМ
-

Прилепската болница набави најсовремен рентген апарат во државното здравство и видео ЕЕГ за деца
-

Преглед на вестите од светот
-

ЕСМ: Обвинителството ги искривило исказите на инженерите
-

Нови обвинувања за уставните измени
-

Владата ги анализира кредитните понуди
-

Измените во собраниска процедура - родителите на насилните ученици ќе плаќаат казни
