Свет
5. October 2016 - 8:31

Најмалку тројца загинати при напад врз болница во Либија

Најмалку тројца цивили загинаа, а 12 други се ранети синоќа кога артилериска граната погодила болница во источниот либиски град Бенгази, соопштија болнички извори.

Претставник на силите лојални на армискиот командант Халифа Хафтар инфромира дека во време на нападот врз болницата од реони под контрола на џихадистичката група Исламска држава биле истрелани неколку проектили врз централните делови на Бенгази.  

Во соопштението на силите лојални на Хафтар, кои контролираат делови во источна Либија, се изразува осуда на нападите врз цивили и цивилни објекти.