Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј

Најмалку три лица се убиени, а петмина повредени во денешниот напад со нож во метрото во главниот град на Тајван, Тајпеј.
– Мотивот за нападот засега не е познат, изјави премиерот на Тајван, Чо Јунг-таи, додавајќи оти станува збор за „намерно“ дело.
Чо истакна дека напаѓачот носел маска и фрлил „пет или шест молотови коктели или димни бомби во главната станица на метрото.
По инцидентот двојно се зголемени безбедносните мерки на цел остров.
– Сите важни локации, железнички станици, автопатишта, метро станици и аеродроми се во состојба на зголемена подготвеност, посочи Чо.
Додека градоначалникот на Тајпеј, Чианг Ван-ан посочи дека осомничениот за нападот најверојатно „извршил самоубиство, скокајќи од зградата за да избегне апсење. Тој додаде дека една од жртвите загинала додека се обидувала да го спречи нападот.
Претходно, беше објавено дека во нападот повредени се девет луѓе.
Насилните злосторства се ретки на Тајван. Сличен напад се случи во метрото во Тајпеј во 2014 година, кога со нож беа усмртени четири лица. Напаѓачот во 2016 година е погубен.
МИА
Ново на Сител
-

Прекинато водоснабдување во населбата 11-ти Октомври во општина Кисела Вода
-

Анкета: Рејтинот на Трамп падна на историско ниско ниво по настаните во Минеаполис
-

Македонски државјанин баран за три убиства уапсен во Тирана
-

УЈП: Преземаме активности со цел даночните обврзници непречено да ги исполнат законските обврски
-

Се утврдува актуелната состојба и реалните можности за Скопското кале да се отвори и стави во активна културна функција
-

Министерството за надворешни работи го одбележа Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот
-

Алкараз го победи Де Минаур и се пласираше во полуфиналето на Австралија oпен
-

АХВ: Итно се повлекува формулата за доенчиња Аптамил АР 2, потрошувачите кои ја купиле да не ја користат или да ја вратат
