Најмалку тројца загинати, стотици ранети во нови експлозии во Либан
Најмалку три лица загинаа во експлозии во долината Бека во источен Либан, јави попладнево либанската државна новинска агенција, а безбедносни извори изјавија дека стотици луѓе се ранети во серија нови експлозии ширум земјата.
Рачни радио апарати користени од членовите на Хезболах биле детонирани на југот на земјата и во јужните предградија на главниот град Бејрут, изјавија безбедносни извори и очевидци.
Најмалку една експлозија се случила во близина на местото на погребот организиран од проиранскиот Хезболах за луѓето кои загинаа вчера при експлозија на илјадници пејџери што ги користеле членовите на организацијата.
„Неколку токи – воки експлодираа во јужните предградија на Бејрут“, изјави неименуван извор, а спасувачите ја потврдија експлозијата на такви уреди во две возила.
Израел беше обвинет за вчерашните експлозии на пејџери во кои загинаа 12 лица, меѓу кои и едно дете. Израелските лидери не го коментираа инцидентот, јавуваат израелските медиуми.
Либански безбедносни извори соопштија дека радио апаратите што експлодираа денеска се купени пред пет месеци во исто време со пејџерите.
Ново на Сител
-
Владата најавува нова модерна опрема за Армијата
-
Зградата во Чаир се уште небезбедна – Обвинителството чека услови за да почне истрага
-
Одложени следните две рочишта за убиствата на Вања и Панче – обвинетиот Видевски се уште е на нефрологија
-
Кривична пријава за шест затворски полицајци од Идризово - помогнале во бегство на група осуденици
-
Еден осуденик државата ја чини 10 илјади евра годишно
-
И Министерството за економија и труд мета на хакерски напад
-
Божиновска: Ќе најдеме излез од енергетската катастрофа
-
Божиновска: Владата прави напори да имаме мирна зима на енергетски план