Македонија
1. January 2021 - 11:46

Најмирна новогодишна ноќ на скопските клиники

Со 10 прегледи во Ургентен, 10 приеми на Токсикологија и 42 интервенции на Брза Помош, здравствените власти со оценка дека ова е најмирната новогодишна ноќ на скопските клиники. Во време на пандемија од Ковид-19 велат дека граѓаните ги почитувале мерките. Нема повредени од петарди, а 10-те пациенти кои поради прекумерно пиење алкохол завршиле на клиника се пуштени дома. Од нив 6 се малолетни и најмладиот имал 16 години. На Инфективна и во ковид центрите на интерните клиники имале околу десетина приеми.

 

Сања Димитровска