Најмногу дожд во Берово и Виница, врнежите продолжуваат и денеска
Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Берово 12 литри на метар квадратен, во Виница 11, во Битола, Струмица и Кавдараци девет, Скопје седум литри, соопшти УХМР.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер. Попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2) и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.
Ново на Сител
-
ЗНАМ не прифаќа владин партнер што „соработува“ со ДУИ, Касами тврди ќе се зголемува мнозинството
-
Аптеките бараат ослободување од обврската за објавување цени на интернет
-
Христијаните го празнуваат Велики четврток
-
Продолжен викенд
-
Преглед на вестите од светот
-
Денеска е Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
СДСМ обвинува за селективна правда за Кочани
-
ДЗР: 7,5 милиони денари потрошиле кандидатите за претседатели