Најмногу дожд во Гевгелија и Дојран
Најмногу дожд до осум часот изутрина наврнал во Гевгелија и во Дојран, каде се измерени 23 литри на метар квадратен, како и во Демир Капија – 18 литри на метар квадратен и 12 во Скопје-Петровец.
По нив, според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следат Берово со 9, Тополчани – 8, Крива Паланка и Скопје – Зајчев Рид – 6, Битола и Попова Шапка – 4, Виница – 3, Тетово, Пожаране, Маврово и Струмица – 2 и Прилеп со 1 литар на метар квадратен.
УХМР за денеска претпладне најавува променливо облачно со слаб локален дожд, претежно во југоисточните делови. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 27 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје во утринските часови променливо облачно, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 26 степени.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори