Најмногу дожд во Маврови Анови, најстудено на Попова Шапка и Берово

Изминатите 24 часа најмногу врнежи од дожд се регистрирани во Маврови Анови - 10 литри на метар квадратен, а најмалку - 1 литар на метар квадратен во Прилеп и Крива Паланка.
Утрово најладно било во Попова Шапка и Берово каде е измерена температура од -1 степен, а најтопло било во Гевгелија со измерени 7 степени Целзиусови.
На Попова Шапка е измерена снежна покривка во висина од 55 сантиметри.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините на северозапад врнежи од снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
-

Младите од Црвениот крст во Струмица со мали проекти поттикнуваат хумани дела
-

Мицкоски во Кочани
