Најмногу дожд во Скопје и во Крушево

Најмногу дожд, 26 литри на метар квадратен, во изминатото деноноќие наврна во Скопје и во Крушево, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Лазарополе се регистрирани 24 литри, Тетово 23, Мврово 22, Пожаране 21, по 20 литри во Куманово, Крива Паланка, Гевгелија и Дебар, 19 во Ѓуруште и Пожар....
Времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе дува слаб претежно северозападен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 12 до 19 степени целзиусови.
Во Скопје малку до умерено облачно со сончеви периоди, а попладне со зголемена облачност. Температурата до 15 степени.
Утре преку денот ќе зголемена облачност со повремен дожд од крајот на денот. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта кон четврток. Во четврток облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе траат и во петок претпладне. До крајот на работната недела не се предвидуваат негативни утрински температури.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
