Најмногу снег на Попова Шапка
Утрово е најстудено во Берово, Маврови Анови, Лазарополе и на Попова Шапка, нула степени, а најмногу снег има на Попова Шапка, 35 сантиметри. Како што информира УХМР, изминатите 24 часа најмногу врнежи се регистрирани во Пожар – Радовиш, 4 литри на метар квадратен, на Попова Шапка 3, во Крива Паланка, Струмица и Охрид 2, како и во Прилеп и Маврови Анови еден литар.
Висината на снежната покривка во Маврови Анови е 16 сантиметри.
До 08:30 часот се измерени два степена во Крушево, Битола, Прилеп, Струмица, Крива Паланка и Демир Капија, 3 Штип, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид, 4 Гевгелија, Претор, Велес, Скопје-Петровец, како и 5 во Тетово, Охрид и Виница.
Според УХМР, дeнеска претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност поголема во западните делови.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени. Во Скопје претпладне со појава на магла, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.
Ново на Сител
-
Почина новинарот Ѓорѓи Томиќ
-
Ниту еден од кандидатите за претседател на Грција не го доби потребното мнозинство при второто гласање во грчкиот Парламент
-
Меси сака да игра на Светското првенство во 2026 година
-
Ждрепка за плејофот од Лигата на шампионите
-
Граѓански протест денес на „Партизанска“ за трагичната смрт на Фросина
-
Од 1 до 5 февруари пријавување за субвенциониран студентски оброк
-
Најмногу снег на Попова Шапка
-
Бојкот на маркетите поради високите цени, пазарните инспектори на терен