Најмногу снег во Ѓуриште, најстудено во Лазарополе и Маврово
Најстудено утринава е во Лазарополе и Маврово каде се измерени -7 степени, а најтопло во Гевгелија каде утринската температура е четири степени над нулата.
Најмногу снег во изминатото деноноќие има наврнато во Ѓуриште - 14 сантиметри, а најмногу дожд наврнал во Демир Капија - 20 литри на метар квадратен.
Снег има и во Крива Паланка - 13 сантиметри, во Крушево 5, Виница, Маврово и Тополчани 4 и во Пожаране - два сантиметри.
Под нулата утринава се и температурите во Крушево -6, во Ѓуриште и Пожаране -4, Тополчани, Охрид и Берово -3, Тетово, Дебар, Претор и Крива Паланка -2, Битола и Прилеп -1 и во Виница нула степени. Над нулата утринава е во Куманово и Штип каде се измерени 1 степен, Демир Капија, Петровец Скопје, Дојран и Струмица 2 и во Скопје 3 степени.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен северен ветер. Претпладне во североисточните делови ќе има услови за повремен слаб снег, а од средината на денот облачноста и ветерот ќе се намалуваат. Температурата ќе биде во интервал од -1 до 6 степени. Во Скопје слично време со температура до пет степени.
За утре се очекува студено време кое во текот на денот ќе биде сончево и без врнежи. Кон крајот на денот се очекува облачност од запад, а нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд ќе има од четврток. На повисоките планини над 2000 м.н.в ќе има и врнежи од снег. Најпрвин врнежите ќе се поинтензивни во западните делови, а од петок ќе бидат пообилни и во источните делови. Во четврток ќе започне да дува повремено засилен југоисточен ветер, а од петок утринските температури насекаде ќе бидат позитивни.
Ново на Сител
-
Наплаќале 24/7 обезбедување на патарини а обезбедувале само прва смена, злоупотреби при јавни набавки во Државни патишта
-
Стипендија за високо образование и плакета за храброста на Јован - предлог одлуката утре на седница на Советот на Виница
-
Брзото јадење е штетно по човековото здравје
-
Минатата година докторирале 215 лица, за 23,6 проценти повеќе од 2023-та
-
ОН: Наша мировна мисија во Украина е многу хипотетична
-
Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство
-
Црвениот крст почна со исплатата на средства на семејствата на починатите и повредените лица во несреќата во Кочани
-
Приведен малолетник од Куманово поради кражба