Најмногу врнежи во Штип
– Најмногу дожд изминатите 24 часа наврнале во Штип, 17 литри на метар квадратен, а најмалку во Претор, Тополчани, Ѓуриште, Демир Капија и Дојран, еден литар.
Според УХМР, 12 литри се измерени на Попова Шапка, 9 во Крушево, 7 во Охрид, 6 во Скопје – Зајчев Рид, 5 во Битола, 4 во Берово и Маврово, 3 во Тетово, Прилеп, Крива Паланка и Пожаране, како и два литра во Виница и Дебар.
Денеска ќе биде променливо облачно, од пладневните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степена. УВ=5.
Во Скопје променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Максималната температура ќе достигне 29 степени.
Ново на Сител
-
Тема на ден со Ефтим Митров, поранешен раководител на пиротехничарите во Дирекцијата за заштита и спасување
-
Венко Филипче единствен кандидат – СДСМ избира претседател
-
Мицкоски: Владата е стабилна
-
По царините на Трамп, Мицкоски очекува добра вест од САД за македонската економија
-
Aнкета на Детектор: Останува силно мнозинство против уставни промени
-
Младите не се чувствуваат безбедни
-
Во штипска Клиничка ќе се вработат 19 специјализанти
-
43 лица со ретки болести ќе добијат стипендии