Најсовремена опрема донирана на Институтот за трансфузиона медицина

Опрема за подобрување на квалитетот на дарувањето крв, во вредност од 50.000 евра, денеска е донирана на Институтот за трансфузиона медицина-Скопје.
Донацијата е дел од проектот „Подобрување на едукативните стандарди во медицинската технолошка индустрија со воведување иновации во крвните банки", кофинансиран од Германската влада, SEQUA develoPPP.de и Lmb Technologie GmbH (Schwaig/Germany).
Претставникот на компанијата Lmb Technologie GmbH Драган Јанковиќ истакна дека станува збор за најсовремена опрема која тие ја произведуваат и претставува врв во медициската технологија, чија примена ќе го подигне технолошкото ниво на работа на Институтот за трансфузиона медицина.
Директорката на Институтот Емилија Велкова, заблагодарувајќи се за донацијата, посочи дека таа се состои од два стола за дарување на крв и поголем број мешалки за преземање на крв и крвни компоненти и силери-термосекачи.
- Сета опрема ќе придонесе за унапредување на крводарителството, односно за зголемување на сигурноста на крвта и крвните компоненти кои ги даваме кај пациентите во целата држава во поглед на европските стандарди, рече Велкова.
Установата во последните три години од проекти и донации добиена е опрема во вредност од милион евра, која го подобри квалитетот на крвта и крвните компоненти, посочи директорката на Институтот Велкова.
Ново на Сител
-

Уапсен кумановец – при претрес пронајдени повеќе видови дрога
-

Иран утрово повторно нападна неколку земји од Персискиот Залив, се огласија сирените за узбуна во Израел
-

Трамп: Последната личност од која ни треба помош против Иран е Зеленски
-

Медведев го победи Алкараз и ќе се соочи со Синер во финалето на Индијан Велс
-

Иранската војска се закани дека ќе го убие Нетанјаху
-

Иран уапси 20 лица под обвинение дека биле информатори за Израел
-

Објавена „Пајажина“ од Раде Силјан со над седумдесет песни македонска родољубива поезија
-

Трамп: Не знам дали иранскиот врховен лидер е воопшто жив
