Најстарото гнездо со штркови во Пијанец доби нови жители
Најстарото гнездо со штркови во Пијанец доби нови жители. Трите нови штркови денеска ги забележаа граѓани, кои за гнездото кое се наоѓа на една од антените на градската пошта велат дека датира од времето кога е изградена поштата во Делчево.
– Гнездото одамна стои тука и од година во година е се поголемо. Минатата година имаше три штрка, додека од утрово се забележуваат главчињата на трите нови жители. Ова е убава вест затоа што овие штркови се секогаш тука и се еден вид украс на градот, вели еден од постарите жители на градот.
Риболовците, додаваат дека штрковите се чести жители во Пијанечкиот регион затоа што им одговара климата покрај река Брегалница.
– За делчевските штркови е важно што на само неколку метри од поштата во Делчево е реката Брегалница која е нивен извор на храна и вода што и го прави идеално местото на живеење. Додека ловиме риба сведоци сме на нивното присуство и на глетката која е прекрасна за време додека трае нивниот лов, додаваат риболовците.
Минатата година еден од најстарите штркови угина, откако удри во новиот мост кој се гради во центарот на Делчево. Легендарното гнездо, минатата година имаше можност да го посети и поранешниот американски амбасадор Џес Бејли за време на неговиот престој на Делчево.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден