Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
Најстудено утринава е на Попова Шапка каде се измерени -8 степени, а има наврнато и најмногу снег – 69 сантиметри.
Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, 20 сантиметри снег има и на Маврово каде утринава се измерени -7 степени, по што следува Крушево со 14 сантиметри снег и измерени -6 степени.
Студено утринава е и во Берово каде се измерени -4 степени, во Крива Паланка, Битола и Прилеп -3, во Дебар -2 степена и во Скопје, Штип, Виница, Демир Капија, Куманово, Тетово, Охрид и Претор -1 степен. Во Дојран се измерени нула степени. Над нулата утринските температури се во Струмица и Гевгелија.
За денеска се најавува сончево и студено време со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6 степени.
Ново на Сител
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
-

Преглед на вестите од светот
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
-

Железничко поврзување Скопје - Софија во 2031 година
