Најстудено со -8 степени во Берово, 4 во Гевгелија
Најстудено утрово со измерени - 8 степени Целзиусови е во Берово, најтопло со 4 степени во Гевгелија. Висината на снежната покривка во 07 часот е 51 сантиметар во Маврови Анови, 50 во Попова Шапка и 22 во Крушево.
УХМР информира дека измерени се - 6 степени во Маврови Анови, -5 Битола, Струмица и Тетово, -4 Скопје-Петровец, Штип, Прилеп, Демир Капија и Крива Паланка, -3 Кавадарци, Велес, Охрид, Претор, Дебар и Крушево, -2 степени во Скопје-Зајчев Рид, Куманово и Попова Шапка.
Времето изутринава е сончево. Појава на слаба магла има само во Демир Капија. На повисоките места дува слаб ветер претежно од северен правец.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.
Ново на Сител
-
Teма на денот за традициите и чествувањето на Бадник
-
Православните христијани го чествуваат Бадник
-
Од најмладите најавено Христовото раѓање
-
Голем Бадникарски концерт во Струмица
-
Божикна порака од Архиепископот
-
Колку чини Бадниковата трпеза?
-
Лекарите советуваат да се јаде и пие умерено за празниците
-
Штипјанецот Александар Трајковски 17-та година по ред донира пакети со храна за Бадник и Божик