Најстудено утро и најмногу дожд на Попова Шапка

Најниска минимална температура утрово е измерена на Попова Шапка, три степени под нулата, соопштува Управата за хидрометеоролошки работи.
Во другите места, минималните температури биле: 0 °C во Маврови Анови, Крушево и Лазарополе; 1 °C во Берово; 3 °C во Крива Паланка и Претор; 4 °C во Битола, Прилеп и Виница; 5 °C во Охрид, Тетово и Штип; 6 °C во Куманово и Велес; 7 °C во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Струмица и Кавадарци; и 8 °C во Демир Капија и Гевгелија.
Врнежите во изминатите 24 часа до 7 часот утрово изнесувале: 10 л/м² на Попова Шапка, 3 л/м² во Битола, Тетово и Куманово, 2 л/м² во Прилеп, Крушево и Лазарополе, и по 1 л/м² во Ѓуриште, Пожар и Тополчани.
Висината на снежната покривка изнесувала 58 см на Попова Шапка и 1 см во Крушево.
Синоптичарите најавуваат променливо облачно и посвежо време во текот на денот. Во западните делови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, а на планините – врнежи од снег, додека на повисоките места врнежите ќе бидат мешани од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од источен и југоисточен правец. Максималната температура ќе биде од 7 до 14 °C.
Во Скопје се предвидува променливо облачно време со слаби врнежи од дожд во делови од котлината. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, а максималната температура ќе достигне до 12 °C.
Ново на Сител
-

Побаран притвор за осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница
-

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
-

Две лица од Крива Паланка, едниот од нив малолетник, физички нападнале службени лица од АХВ
-

Захарова: Европа ќе биде првата жртва ако Зеленски добие нуклеарно оружје
-

Мицкоски: Намалувањето на ДДВ дава резултат, во понеделник очекувам поевтинување на бензините
