Најстудено утрово на Попова Шапка -4 степени

Утрово најстудено беше на Попова Шапка, каде беа измерени -4 степени Целзиусови. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, -1 степен е измерен во Mаврови Анови, 0 во Kрушево, 1 во Крива Паланка, 2 во Берово и Претор, 3 во Тетово и Охрид, 4 во Виница, Битола, Прилеп и Штип, 5 во Скопје-Петровец, Кавадарци, Демир Капија и Струмица, 6 во Куманово, 7 во Скопје-Зајчев Рид, Велес, како и 8 во Гевгелија.
Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Битола - 14 литри на метар квадратен, 13 во Демир Капија, 11 во Гевгелија и Попова Шапка, 10 во Маврови Анови, Претор и Тополчани, 7 во Кавадарци, 6 во Пожаране, Виница, Прилеп и Kрушево, 4 во Тетово, 3 во Штип, 2 во Крива Паланка, Берово и 1 во Струмица и Велес.
Во текот на денот низ целата држава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче оди по бугарскиот пат, Филипче: Ние преговараме со Европа, не со Радев
-

ДУИ: Обединувањето на ВРЕДИ е очаен крик за политички спас
-

Подигнување на свеста за децата со атипичен развој
-

Недела на сестринството - Македонија се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри
-

БРАКО и Грин Машинс на светскиот саем ИФАТ во Минхен
-

Вандализмот во Штип го „вклучи алармот“ во општината
-

Неопходна е регулаторна рамка за планинарската служба
