Најстудено во Берово
Во Берово утрово е најстудено, три степени, а најтопло е во Дојран, 12 степени.
Како што соопшти УХМР, до 8:30 часот четири степени се измерени во Лазарополе, 6 во Струмица и Битола, 7 во Маврови Анови, Тетово, Претор, Крива Паланка, Прилеп и Скопје-Петровец, 8 во Штип, Попова Шапка и Демир Капија, 9 во Скопје-Зајчев Рид и Куманово, како и 10 во Крушево, Виница и Гевгелија.
Според УХМР, во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе има локално зголемување на облачноста проследено со појава на краткотраен дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 26 степени.
Во Скопје сончево со умерена облачност. Околу пладне облачноста повремено ќе се зголемува и во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 20 степени.
Ново на Сител
-

Трамп со заканa за Иран: Времето ви истекува, подобро побрзајте или нема да остане ништо
-

Македонската ракометна репрезентција се пласираше на Светското првенство 2027
-

МВР: Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје
-

Вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени две лица
-

Калас: Администрацијата на Трамп не сака силна Европска Унија
-

ОЈО бара притвор за осомничениот за убиството на 18-годишното момче од Бојане
-

Запален автобус на автопатот Гевгелија-Скопје
-

Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“
