Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
Најстудено утрово е во Берово, -12 степени, а најмногу снег има на Попова Шапка, 53 сантиметри.
Како што информира УХМР, до 08:30 часот се измерени и -8 степени во Битола, -7 Тетово, -6 Крива Паланка, Маврови Анови, Прилеп, Демир Капија, Струмица, -5 Штип, -4 Виница, Кавадарци, -3 Скопје-Зајчев Рид, Дебар, -2 Скопје-Петровец, Куманово, Велес, Претор, Крушево, Попова Шапка, како и -1 степен во Охрид и Гевгелија.
Висината на снежната покривка во Маврови Анови е 45 сантиметри, 29 е во Крушево, 20 Битола, 18 Дебар, 11 Тетово, 8 Демир Капија, Берово, 7 Штип и 3 сантиметри во Крива Паланка.
Денеска претпладне ќе биде студено со појава на магла по одделни котлини со намалена хоризонтална видливост до 500 метри. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10 степени. Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот сончево и тивко со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.
Ново на Сител
-
Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-
Пријавени над 220 граѓани кои ќе се обидат да го фатат крстот во реката Вардар во Скопје
-
Светска банка ја ревидира прогнозата за раст на македонската економија
-
Премиерот Мицкоски заминува во САД на инаугурацијата на Доналд Трамп
-
Денеска е Водокрст - навечерие на Богојавление
-
Хрватскиот вицепремиер кој пукаше од возило поднесе оставка
-
Абас: Палестинската управа е подготвена да ја преземе целосната одговорност во Газа
-
Во Вашингтон последни подготовки за инаугурацијата на Доналд Трамп