Најстудено во Берово, најтопло во Дојран
– Во Берово изутрина во 8:30 часот се измерени – 2 степена, 2 во Лазарополе, 3 во Скопје – Петровец, Крива Паланка, Струмица, Битола, Маврови Анови. Во Тетово температурата изнесувала 4 степени, 5 во Демир Капија, Попова Шапка, Прилеп, 6 во Виница, Штип Претор, Крушево, Куманово, Дебар, Скопје – Зајчев Рид, 7 Охрид, 8 Гевгелија и 10 степени во Дојран.
Како што информира УХМР, во текот на ноќта беше ведро, утрово е сончево и студено со мала до умерена локална облачност претежно во Повардарието. Дува слаб ветер од променлив правец, а магливо е во делови од скопската котлина.
Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени.
Во Скопје сончево и релативно топло со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 22 степена.
Ново на Сител
-

Град Скопје: Кејот на Вардар со нови клупи и урбана опрема за подобро урбано искуство
-

Руте: Американскиот нуклеарен чадор е најголемата гаранција за слободата во Европа
-

Европскиот парламент го усвои извештајот за Македонија
-

Роналдо: Време е да дадеме сè за нашата земја
-

Мицкоски: Европратениците да се држат до европските вредности
-

Пицула: Власта во Србија нема политичка волја да комуницира со ЕП
-

Мицкоски: Ова не е спринт, ова ќе биде маратон, имајќи ги предвид грешките од минатото
-

Едукација под отворено небо и поддршка за згрижувачките куќи: Нова заедничка активност на Flex Credit и СОС Детско село
