Најстудено во Берово, најтопло во Виница

Најстудено утрово е во Берово, - 2 степена Целзиусови, а максимални 7 степени се измерени во Виница.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, во 8:30 часот 1 степен е измерен во Струмица и Крива Паланка, 2 во Скопје-Петровец, Велес, Тетово и Битола, 3 во Скопје–Зајчев Рид, Охрид и Прилеп, 4 во Гевгелија, Штип, Кавадарци и Маврови Анови, како и 5 степени во Демир Капија.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Додека светот стравува од инфлација, власта уверува – состојбата не е загрижувачка
-

Светски технолошки конгрес
-

Линеарното покачување на пензиите останува во сила
-

60 проценти од населението во Македонија се со зголемена телесна тежина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Врските на Заев и Филипче со политиките на Путин
-

СДСМ: Toшковски да поднесе оставка
-

250 анкетни листови од кочанчани против бетонизација кај „Панаѓурот“
