-->
-->
Најстудено во Берово
-->
Најниска температура во Македонија изутринава од минус шест степени е измерена во Берово, минус пет во Скопје и Дебар, минус четири во Маврово и Штип, минус три во Демир Капија, Битола, Тетово и Струмица, минус два во Крива Паланка, минус еден во Лазарополе и Прилеп, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Претор, Крушево и Охрид се измерени нула степени, еден во Виница, два во Куманово, Ѓуриште, Пожаране и Тополчани, а седум степени во Дојран и Гевгелија.
Во поголемиот дел од земјава преовладува сончево и студено време. Дува слаб ветер од северен правец. По одделни котлини има појава на слаба магла, а во Демир Капија магла и ниска облачност со намалена видливост.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата