Најстудено во Скопје, Битола и Берово, измерени - 6 степени

Најниска температура од - 6 утрово е измерена во Скопје, кај Петровец, Битола и Берово, -5 во Струмица и Демир Капија, -4 во Штип, Велес, Куманово и Тетово, -3 во Скопје–Зајчев Рид, Кавадарци, Гевгелија и Прилеп, -2 во Крива Паланка, -1 во Охрид, Mаврови Анови и Претор, 0 Виница, а три степени во Попова Шапка и Kрушево, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до осум степени.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ: Савевски работи по налог на Мицкоски
-

Николоски: Нови инвестиции во Охрид
-

Нова апаратура во „Мајчин дом“
-

О. Карбинци со четирикратно зголемување на средствата од данок на имот
-

Преглед на вестите од светот
-

Законот за високо образование пред владина процедура - дел од фелата оценува дека суштински измени нема
-

Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-

Сиљановска Давкова – Милатовиќ пред студентите: Потребен е јасен сигнал од Брисел за проширувањето
