Најсвежо утрово во Берово

Утрово најниска температура од 13 степени целзиусови е измерена во Берово. Следат Лазарополе со 15 степени Охрид, Претор, Крушево, Попова Шапка, 19 Прилеп, Струмица, 20 Демир Капија, 21 Скопје-Петровец, Штип, Виница, Гевгелија, Куманово, Велес, 22 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци.
За изминатите 24 часа до 08 часот, според количината на врнежи кои се измерени на дождомерните места на УХМР, воден талог имало во Берово 5 л/м2 и 3 л/м2 во Крушево.
Времето денеска сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на локално невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Максималната температура ќе достигне до 39 степени.
Ново на Сител
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
