Најтиражниот јапонски весник со честитка за 26 години независност на Република Македонија
Во најтиражниот јапонски весник „The Japan Times“ денеска е објавен прилог по повод Денот на независноста на Република Македонија, во кој се пренесни обраќањата на првиот резидентен амбасадор на Република Македонија во Јапонија Андријана Цветковиќ, почесниот конзул Масатаке Мацуда и претседателот на Парламентарната група за македонско-јапонска соработка во јапонскиот Парламент Таимеи Јамагучи.
Амбасадорот Цветковиќ, како што соопшти Амбасадата на Јапонија во Македонија, во обраќањето информира за позитивниот развоен тренд во билатералните односи меѓу Македонија и Јапонија, притоа истакнувајќи дека 2016 година ја одбележаа значајни настани кои придонесоа за унапредување на парламентарната соработка, како и зајакнување на односите во областа на образованието, науката и економијата.
- За истакнување е формирањето на Парламентарната група за македонско-јапонска соработка во јапонскиот Парламент на 17 декември 2016 година, потпишувањето Договор за соработка меѓу МАНУ и Славо-евроазискиот истражувачки центар при Универзитетот Хокаидо, како и Меморандум за соработка меѓу Хидробиолошкиот завод-Охрид и Музејот на езерото Бива. Дополнително амбасадорот информира и за економските и бизнис поволности во Македонија, како и множеството активности на Амбасадата за привлекување јапонски инвеститори во земјата. Во тој контекст, го поздрави потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу Амбасадата на Република Македонија во Токио и Јапонскиот институт за странски инвестиции, што ќе овозможи заедничка организација на бизнис форуми во периодот што следи. Како најзначаен настан за билатералните односи меѓу двете земји го оцени отворањето на Амбасадата на Јапонија во Македонија и назначувањето на првиот резидентен амбасадор Кеико Ханеда, се наведува во соопштението.
Почесниот конзул Масатаке Мацуда, се додава, го поздрави отворањето на Јапонската амбасада во Скопје, оценувајќи го како значаен настан во зајакнување на билатералните односи меѓу двете земји. Ги поздрави активностите на амбасадорот Цветковиќ и нејзиното познавање на јапонската култура и историја.
- Таимеи Јамагучи изрази задоволство од формирањето на Парламентарната група за македонско-јапонска соработка во јапонскиот Парламент и неговото назначување за претседател на групата, изразувајќи уверување за натамошно унапредување на парламентарната соработка меѓу двете земји, се наведува во соопштението од Јапонската амбасада во Скопје.
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
