Џет-Сет
12. September 2017 - 21:13

Најжешка фотографија ова лето: Сека се опушти па го јавна мажот на базен

Сека Алексиќ ужива во семејниот живот со својот сопруг Вељко Пиљкиќ и синот Јаков.

Пејачката отиде на одмор со својот сопруг, па се пофали со провокативна фотографија на Инстаграм.

Таа во костим за капење, покрај базенот му седна на Вељко на грбот, а во преден план е нејзиното бујно деколте.

„Мојата среќа! Мојот маж најдобар на светот“, напиша Сека на Инстаграм, по што следеа бројни коментари од фановите кои се воодушевени од оваа естрадна двојка.