Накит и украсни предмети најдени во некропола кај Старо Бонче

Археолошките истражувања на локалитет Старо Бонче близу Прилеп, кои се вршат во секторот некрополи, се во завршна фаза, соопшти Управата за заштита на културното наследство.
Раководителот на истражувањата, проф. д-р Антонио Јакимовски од Институтот за историја на уметност со археологија при Филозофслиот факулетет во Скопје, вели дека оваа година првпат ја истражуваат оваа раноантичка некропола и дека нашле вредни наоди од 5-4 век п.н.е., како и предмети од подоцнежни фази.
- Првпат истражуваме тука, го откопавме централниот гроб и околните гробови. Највреден предмет е секако златната перла од 5-4 век п.н.е, која ја најдовме во централниот гроб. Изработена е во техника филигран и гранулација. Има и други значајни наоди, како фибули, украсни игли, керамика и друго, изјави Јакимовски.
Во околните гробови, исто така, се откриени значајни наоди меѓу кои и статуетка на Хермес, перјаница од бронзена статуетка на воин и други.
Јакимовски вели дека на археолошкиот комплекс Старо Бонле се најдени уште десетина некрополи кои, веројатно, припаѓале на градот Пелагонија.
Истражувањето на локалитетот Старо Бонче е капитален проект на Владата, кој во координација на Управата за заштита на културното наследство се реализира преку Институтот за историја на уметност со археологија при Филозофскиот факултет во Скопје и Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј во Прилеп.
Ново на Сител
-

Светските лидери го осудија вооружениот инцидент во Вашингтон
-

Уапсен возач кој во Кичево удрил 60-годишен пешак и го повредил
-

Од вторник до крајот на неделата повремени врнежи, на места пороен дожд со грмежи и пониска темепература
-

Путин им се заблагодари на севернокорејските војници за помошта при ослободување на Курската област
-

Николоски: ЕУ помага за изградба на коридорите, Македонија има уникатна положба и сакаме економски да ја искористиме
-

Арагчи повторно ќе го посети Пакистан
-

Првата линија од Градски воз во функција од 1 септември
-

Трамп објави видео од напаѓачот во хотелот
