-->
-->
Наковска - Бикова седма во Рио
-->
Шампионката од Лондон, Оливера Наковска – Бикова го освои седмото место во финалето во дисциплината воздушен пиштол 10 метри на Параолимписките игри во Рио. Таа во финалето слаба „стрелба“ имаше во четвртата серија по што беше елиминирана,а имаше 92.8 кругови. Инаку, Наковска – Бикова во финалето се пласира како трета.
Златниот медал со олимписките рекорд на Игрите го освои Алиех Џаванимардидодмани од Иран со 193.4 кругови. Второто место и припадна на Олга Ковалчук од Украина, додека бронзата и припадна на Ајсегул Пехливанлар од Турција.
Вечерва свој настап во квалификациите ќе има и вториот македонски претставник на Параолимписките игри Ванчо Каранфилов во дисциплината воздушен пиштол 10 метри. Каранфилов е освојувач на сребро од Атина 2004 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати