Намален број на хоспитализирани, нови 142 заразени и петмина починати

Нови 142 случаи на Ковид-19 од 1.542 тестирања, пет починати и 98 оздравени, е билансот од претходното деноноќие. Најмладиот од починатите е на 46-годишна возраст од Македонски Брод.
Останатите починати се на возраст од 58 години од Штип, 69 години од Гостивар и двајца се на возраст од 84 години. Од нив, едниот е од Прилеп, а другиот од Охрид.
Најголем број од новите случаи, односно 37 се во Скопје, а двоцифрена бројка на новозаболени има и во Куманово – 18 и во Тетово -13. Во останатите градови вчера беше регистриран едноцифрен број на новозаболени.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава изнесува 15.555, бројката на оздравени пациенти е 12.994, а на починати 642.

Во моментот, бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.919. Скопје има најголем број на активни случаи, а од скопските општини на прво место е Аеродром со 94 случаи, Гази Баба и Карпош имаат по 71 случај, Центар 68, а во Чаир има 55 активни случаи.
На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 39 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ хоспитализирани се 31 пациент. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип 55 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 136, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Медицинските сестри оваа година беа во фокусот на одбележувањето на 19 годишнината од трагичните настани на 11 септември во САД, поради нивната пожртвуваност во справувањето со коронакризата. Американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз истакна дека во 2020 година има се оддава почит на медицинските сестри, поради храброто справуваат со пандемијата од Ковид-19.
Амбасадорката Брнз нагласи дека следните денови на „Фејсбук“ страницата на Амбасадата на САД секојдневно ќе бидат објавувани стории за медицински сестри во Скопје и во целата земја, за нивните искуства со пандемијата и за нивната служба во справувањето со неа.

Министерството за внатрешни работи повторно со апел до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата кои се во насока на спречување на ширењето на Ковид -19.
Полицијата во претходното деноноќие регистрирала 504 прекршоци за неносење на заштитна маска.
СДСМ на вчерашната прес-конференција истакна дека уште во првите денови од новиот мандат, Владата предводена од социјалдемократите е силно посветена на создавање и реализација на мерки и политики кои имаат за цел брзо надминување на економските последици од коронакризата.
– Наскоро започнува реализација на четвртиот пакет економски мерки преку кои ќе им се помогне на граѓаните, работниците и компаниите, велат од СДСМ.
Ново на Сител
-

Пронајдени марихуана, амфетамин и метадон при претрес во Аеродром, поведена истрага
-

Москва го обвинува Зеленски дека провоцира нуклеарна војна
-

Иран им се заканува на САД со „невидена“ воена акција поради поморската блокада
-

Собранието изгласа укинување на техничката влада - за власта таа е надминато решение, опозицијата смета дека без неа ќе нема услови за демократски избори
-

Раде Трајковски Штекли осуден на осум години затвор
-

Повреден градежник додека извршувал работни задачи на автопатот Охрид-Кичево
-

Објавувала фотографии и навреди за сопругата на нејзиниот поранешен партнер - кривична за жена од гостиварско
-

Мицкоски: Нема да водиме мекотелна политика и дипломатија за пари како претходната влада, која го промени името и го лажеше народот
