Бизнис
30. March 2018 - 15:48

Намален прометот во трговијата на мало со автомобилски горива

Државниот завод за статистика денеска објави дека во февруари годинава во однос на февруари лани е намален прометот во групата „Трговија на мало со автомобилски горива“ (номинално за 2,7 проценти, а реално за 5,9 проценти).

Зголемен промет во февруари има во групите: „трговија на мало со храна, пијалаци и тутун“ (номинално за 8,3  проценти, а реално за 3,7 проценти), „трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво“ (номинално за 7,7 проценти, а реално за 5,4 проценти) и „трговија на мало, освен трговија со горива“ (номинално за  8 проценти, а реално за 4,9  проценти).