Македонија
6. March 2018 - 18:38

Намалена видливост поради магла на патот Лисец - Попова Шапка

Поради магла на патниот правец село Лисец - Попова Шапка видливоста е намалена од 50 до 60 метри. Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, соопшти Автомотосојузот на Македонија. 

АМСМ препорачува внимателно возење, особено во клисурите и засеците каде што е можна појава на одрони. Апелира и на прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.