Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци, откажан летот Скопје – Истанбул

Има на патните правци Демир Капија – Неготино, Катланово – Скопје, Скопје – Катланово, Скопје – Куманово, Куманово – Скопје и Струга – Охрид, од 30 – 50м.
На патниот правец Обиколница Скопје (од клучка Хиподром – Сарај), од 100 – 150м. на патниот правец Македонски Брод – Кичево и до 50м. на планинскиот превој Буково, соопшти АМСМ.
На Меѓународниот аеродром Скопје според објвата на нивната веб страница, утрово откажан е летотот од Скопје за Истанбул, а има доцнење од еден час на летот од Истанбул за Скопје.
Времена измена на режим на сообраќај има на магистрален пат А1 делница Фариш – Прилеп каде се врши санација на ударни дупки од 19,12. 2024 г. до завршување на градежните работи, информираат од Доо Стентон Градба – Битола”.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива по зимски услови, по претежно суви коловози, а сите патни правци се проодни, без забрани и ограничувања.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
